Добра вест хипохондрици, Google наскоро ќе ви каже што ви е

Наскоро мобилната верзија на Google ќе започне со презентирање на можни болести во зависност од симптомите кои ги имате. Досега пребарувачот даваше линкови до други медицински сајтови, но сега ќе ги користи своите паметни семантички картички да ви даде брз одговор што ви е.

google-prebaruvanje-na-simptomi

Секој пат кога ќе внесете симптоми, Google ќе презентира carousel мени. Резултатите се базирани на Google Knowledge Graph, а на картичките ќе бидат презентирани куси податоци за состојбата, причините, ризикот, зачестеноста и можностите за самолекување или лекарска посета. Сите податоци за симптомите се проверени од медицински тим на Mayo Clinic, што им дава соодветна релевантност. Но, само-дијагностицирање секогаш е погрешно. Ако имате некој сериозен проблем, тогаш вистински доктор е многу подобро решение отколку компјутерскиот алгоритам на Google.

Изгледа дека Google сепак има одлична причина за ова. Дури 1 отсто од сите пребарувања се симптоми или поврзани со симптоми. Функционалноста излегува за неколку денови наскоро на англиски јазик и во САД, а потоа ќе бидат додавани јазици, ќе се прошири во повеќе држави и ќе бидат додавани нови симптоми, јави 9to5google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии