Добивајте телефонски известувања на вашиот компјутер

Доколку сте и вие како нас, тогаш компјутерот и телефонот се две технички достигнувања од кои никако не сакате да се двоите на подолго време. Кога сте на компјутер, вашиот телефон обично е блиску до вас, но, со апликација како Crono, успешно се поставува мост помеѓу двете направи.

Комбинацијата од апликација и алатка за прелистувач ви дозволува да ги поврзете двете направи еден-со-друг. Секојпат кога ќе добиете каква била нотификација на вашиот телефон, истата ќе биде прикажана и преку вашиот прелистувач на компјутер.

Првото нешто што треба да го направите е да ја инсталирате апликацијата Crono и да се логирате во неа со вашиот акаунт, a потоа да го направите истото со екстензијата. Кликнете на соодветната алатка, и изберете Connect to Crono Web. За да ги поврзете, потребно е да го скенирате QR кодот. Именувајте го прелистувачот и изберете Save. Ќе видите и едно плусче; од тука можете да вметнувате дополнителни прелистувачи.

Кога сте во апликацијата, изберете Enable Notifications Access. Најдете го Crono и изберете Allow. Со ова, сите избестувања од вашиот телефон ќе бидат прикажани и во соодветниот Crono прозорец. На располагање имате и опции за споделување, менување или бришење на, да кажеме, пораки. Доколку сакате, можете и да одговарате на некои од нив преку компјутерот.

Ова не е се што Crono може. Далеку од тоа. Сите ваши апликации што ги имате во телефонот и сите известувања кои ги добивате од нив, можат да се префрлуваат и преку вашиот компјутер. За таквото нешто, изберете Apps и, од тука, активирајте за кои апликации да бидат проследувани известувања во прелистувачот во вашиот компјутер. Доколку сакате за сите, кликнете на Enable All.

За да добивате известувања и за телефонски повикувања, погрижете се да кликнете на мени копчето и од тука да изберете Crono on new tab. Тука, ќе најдете и можности за мрачен режим.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии