Добитникот на Diablo 3 е…

Како што ветивме, но со мало задоцнување, го објавуваме добитникот на една копија од Diablo 3, која е подарок од IT.com.mk и Niko Computers. Добитникот, избран по случаен избор, е Горан Беловинов

Можеби за многумина оваа галама околу Diablo е премногу, но тие што ја играле играта знаат за што го прославуваме третото продолжение. Не за чабе со нетрпение се чекаше цели 12 години за да добиеме трето продолжение на една најпродаваната видео игра на сите времиња. Интересен факт е што Diablo Battle Chest беше меѓу 10-те најпродавани и во 2010-та година. Blizzard потроши многу време на продолжението и затоа очекуваме епска приказна со епски гејмплеј! (прочитајте ја рецензијата на Diablo 3 Beta.)

Честитки Горан. За сите други, повеќе среќа наредниот пат.

[youtube]EgbUSsblCSQ[/youtube]