Доаѓаaт Windows 7 таблет PC-јата, најави Стив Балмер

„Оваа година, едно од најважните нешта за нас е категоријата на паметните уреди, каде ќе понудиме Windows 7 базирани таблет PC-ja. Ова е неверојатно важно за нас.“ рече г-дин. Балмер на конференцијата на Microsoft.

Toj не спомена за спецификациите и деталите на уредите, но земајќи ги в обзир различните производители, може само да се претпостави дека сите ќе бидат различни уреди но со еден оперативен систем – Windows 7. Пример, на неодамнешната Computex конференција се претставија два Windows 7 модели. Првиот е Аsus Eee Pad (сликата погоре), а вториот Toshiba Libretto W100, кој е првиот лаптоп со два монитори на допир.

Нормално, со ваков потег Apple-овиот iPаd ќе добие малку посериозна конкуренција. iPаd беше објавен во април минатата година и до сега се продадоа околу 2 милиони уреди.

7 коментари на “Доаѓаaт Windows 7 таблет PC-јата, најави Стив Балмер

  1. „Крадење и копирање…“ — нема врска.
    Ако така гледаме, скоро сите производи се украдени и копирани од некој претходен. Тоа што Епл успеа добро да го измаркетира својот продукт секако му оди во прилог.

    Впрочем, првиот таблет прототип беше лансиран пред точно една година ( http://0.mk/44c2 ). Го дизајнираа и изработија сопствениците на магазинот Techcrunch, а само поради нивната неумешност не почнаа и да го продаваат.
    Кој крадел од кого, се прашувам?


    Но, овде дојдов да кажам нешто друго: Причекајте ги *Android* и *Meego* базираните таблети. Тоа ќе биде иднината. Сето друго е шминка и чалам (Apple) и глупаво да се купи (Windows).

  2. Баби и жаби споредавте ???
    iOS нема мулти таскинг и е лимитиран од милион страни.
    Win7 можеби е ранлив со вируси ама шо сакиш тоа ке инсталирш, flash java.. :D

  3. Што направил Microsoft нешто уникат, па ова да му е прва копија :)
    Гледаат каде има продажба и таму го пикаат носот.

  4. класично крадење и копирање никојпат нема да се одлучам за купување на веќе измислено од Епл… се знае Епл си е Епл и тоа шо ќе извадат е закон, се друго е бледа копија, а и времето на Микрософт помина уште кога почнаа да вадат лоши виндоуси, зашто МАС-от одсекојпат функционира? затоа што плаќаш и добиваш за секој потрошен цент, иако се најскапи машини.

  5. Баш ме интересира како ќе ја изведе целата кампања Microsoft чија вредност на компанијата беше надмината годинава од Apple.
    Како и да е бизнис моделот на Стив Џобс е за во case studies. Колку и да ги плукаат пред да излезат во продажба, производите пак достингнуваат рекордни продажби
    Apple едноставно знаат да градат заедница и да култивираат лојални купувачи

  6. Тажно и срамота за сите софтверски и хардверски фирми на планетава е што чекаат на Епл да им покаже како тоа се работи (и какви производи треба да прават). Лопови. И после зошто Епл бил најдобар…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии