Доаѓа Nexus 5, повторно од LG?

Јужно корејската компанија LG повторно е прв избор на Google кога се во прашање Nexus телефоните. Извор на шпекулациите за повторната соработка на компаниите е Федералната комисија за комуникации (FCC) на САД, која објави документи поврзани со партнерството.

Новиот уред LG-D820 наликува на Nexus 4, а порталот Droid-Life забележа дека речиси идентичен уред, неодамна „протече“ на најавата на Google за Android 4.4 KitKat. Сепак и покрај сличностите во изгледот станува збор за значително поголем телефон.

 Хардверска основа на телефонот барем според барањата до FCC ќе биде LG G2 – Verizon. Спецификациите засега се неофицијални, а станува збор за телефон so 4.96-инчен екран, Qualcomm Snapdragon 800 процесор и 2GB RAM. Батеријата на телефонот е со капацитет од 2300 mAh и има опција за безжично полнење. Покрај ова телефонот доаѓа со Bluetooth 4.0 и WiFi 802.11a/b/g/n/ac. Се разбира телефонот ќе доаѓа со Android 4.4 KitKat, јавува TheVerge.

Веста засега е непотврдена од Google и LG, a Google веднаш го повлече промотивното видео за KitKat во кое се појавуваше сличниот телефон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии