Доаѓа Mobilgeddon! Google го активира новиот алгоритам кој фаворизира сајтови со мобилни верзии

Како што вети претходно Googlе, стартува новиот алгоритам за резултатите од пребарувањата кој ќе ги помести погоре резултатите од сајтовите кои се прилагодени за паметните телефони. Ова значи дека вашиот сајт ако нема мобилна верзија, ќе изгуби на ранг кај Google, и со тоа можни посети. Сепак, доколку страната и податоците се релевантни нема простор за паника, параметарот „mobile friendly“ во моментов е на последно место на листата, па нема премногу да влијае на позицијата на страната.

Во првата најава се доби впечаток дека ова мерка ќе важат за сите верзии на пребарувачот, за пребарување на Google преку десктоп и таблет компјутерите барем засега нема да се зема в предвид „mobile friendly“ при презентирањето на резултатите. За сега нема да бидат опфатени ниту брендовите, па доколку барате познат бренд, пример Coca Cola или IKEA страната на брендот ќе биде прв резултат дури и доколку не е прилагодена за паметни телефони, иако овие сајтови често ги следат трендовите.

Но, иако алгоритмот е исклучиво само за пребарување преку мобилни телефони, Google става јасно на знаење дека трендот на мобилно пребарување е важен фактор во идните рангови на сајтовите. Ова се покажува и со ригорозноста на Google при рангирањето, па делумна прилагоденост за паметни телефони нема да добие повисок резултат во пребарувачот, велат од компанијата, иако не е јасно што е точно делумна прилагоденост. Но, секоја страна од сајтот ќе се оценувана поединечно, па доколку на пример почетната страна е прилагодена за помали екрани, а некоја од останатите не е, таа ќе се најде пониско на листата.

Конечениот изглед на пребарувањето за паметни телефони ќе биде финализиран најдоцна за три недели. Новите промени во алгоритмот ќе имаат влијание на 11 отсто од прикажаните резултати, вели Search Engine Land. Имплементацијата на алгоритамот е започната, но доколку се направени измени во страните, периодот кој е потребен за Google да го забележи е помеѓу неколку часа и 3 дена, додека „crawlerot“ не ги „повлече“ резултатие од страната.

Доколку не сте сигурни дали страната ви е прилагодена за паметни телефони може да ја искористите алатката од Google да проверите, повеќе податоци за тоа како ќе влијае имплементацијата на новиот алгоритам може да прочитате на официјалниот блог на Google.

1 коментар на “Доаѓа Mobilgeddon! Google го активира новиот алгоритам кој фаворизира сајтови со мобилни верзии

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии