До полесно вработување со DobraRabota.mk

„Порталот решивме да го отвориме бидејќи при последното барање на човек за работа се зачудив од лошиот квалитет на ваквиот тип сајтови. Почнавме со ентузијазам и се трудиме да бидеме подобри од конкуренцијата.“ вели тој.

Сајтот покрај бесплатните огласи или бесплатното закачување резиме, нуди и услуги за пари како помош при креирање на резиме, писмо со намера, подготовки за интервју и усовршување. Што се однесува до работодавците, тие можат бесплатно да ги пребаруваат резимеата и да објавуваат огласи, но за тие со лого се плаќа.

Сајтот, кој се уште е во тест фаза, е интересна идеја бидејќи интернетот нуди можност да полесно да се пребарува за работа или работник. Но… македонските корисници се деликатна маса. Поголемиот дел се уште не им веруваат на веб сервисите, дел од незнаење, дел од страв, а често разновидните .mk сервиси функционираат само кога се бесплатни.

Ќе биде интересно да се види дали ќе успее планот да се нудат услуги за пари на таргетирана групи на корисници. Како dobrarabota.mk ќе привлече корисници иако на својот сајт нема ниту една информација кои се тие што ги нудат услугите?

Прашање до вас – дали би платиле за веб услуга? И зошто да/не?

1 коментар на “До полесно вработување со DobraRabota.mk

  1. Секако дека би платил за веб-услуга, како што веќе и плаќам ….
    Но, плаќам само на докажани, проверени и сигурни испорачатели на услуги кои го имаат она што ми треба.

    Идејата ви е добра, но потребно е време за да створите критична маса на понуда и побарувачка и за да се докажете. Потоа, наплаќајте за услуги.
    Впрочем, така започнале многу успешни интернет-приказни.

    Можеби е добро да го проширите опфатот на регионално ниво. (Успат, она што недостасува во Македонија е берза на понуда-побарувачка и на контракт-работење, особено во програмирањето. И тоа не само на македонски јазик. Зошто да не постои сервис кои ќе ги нуди македонските програмери како out-sourcing на целиот свет?
    )

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии