До подобра меморија со Peak

Во неколку ситуации сме прочитале како апликацијата Peak често се нарекува теретана за вашиот мозок. Откако и самите ја пробавме, не би можеле повеќе да се согласиме со таквата констатација.

Се работи за паметно осмислена апликација која ви дозволува да одиграте шест мини игри низ петнаесет минутни тренинзи како би можеле да си ја подобрите вашата меморија, да ги изострите вашите вештини за решавање проблеми, да ја подобрите вашата ментална агилност, и многу, многу повеќе.

Во апликацијата гостува дигитален тренер кој се стреми да ви помогне да ги остварите дневните предизвици така што го следи напредокот, ви покажува каде и како можете да се подобрите и ве одржува во предизвикувачка состојба на мотивираност.

Оние кои се спремни за поригорозни тренинзи на сивите ќелии, би можеле да се претплатат на Pro верзијата и да добијат десетици вежби кои се скроени според вашите потреби, напредни анализи и целосен пристап до над 40 игри и активности.

Peak го тренира вашиот мозок директно од вашата Android, или iOS направа!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии