Apple од април оваа година е јаглерод неутрална компанија. Ова значи дека компанијата со своите канцеларии и превоз на вработените не придонесува кон емисијата на јаглерод диоксид.
Но ова не е доволно. Apple во следните 10 години сака во целост да престане да загадува. Компанијата најавува дека до 2030 година ќе го намалат загадувањето од производство до транспорт, до крај на користење на уредите да биде потполно јаглерод неутрална.
Покрај инвестирањето во обновливи извори на електрична енергија Apple инвестира и во обновување на шумите, мочуриштата и тревнати површини.