До 2010 ќе нема веќе ИП адреси, вели таткото на интернет

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}Ако не направиме нешто во врска со овој проблем, ќе ни снема ИП (интернет протокол) адреси, рече Винт Церф, главниот интернет евангелист на Gооgle и познат во светот како „татко на интернетот“
затоа што во 1983 заедно со Роберт Кан го заменија дотогашниот Network Control Protocol на ARPANET (првата мрежа) со TCP/IP протоколот. Протоколите се тие што овозможуваат „компјутерите да зборуваат меѓу себе, а новиот TCP/IP протокол го означи раѓањето на интернетот. Повеќе за историјата на интернетот и сервисите поврзани со него на LivingInternet.com.

"Мојата единствена одбрана е дека одлуката беше направена во 1977 година, во време кога не бевме сигурни дека интернетот ќе функционира. 128-битните адреси изгледаа огромни тогаш“ изјави г-дин. Церф за ReadWriteWeb.

ИП адреса е уникатен број на компјутерот поврзан на интернет, и според тој број компјутерите се координираат да ги испратат податоците на право место. По дизајнирањето на TCP/IP и доста тестови и измени, се доби сега стандардниот 32-битен протокол IPv4 што го лимитира бројот на уникатните IP адресите на 4.294.967.296.

„Ќе ни снема ИП адреси до 2010, ако не го воведеме IPv6. Тоа не значи дека интернетот нема да функционира само нема да расне“ вели Винт Церф кој додава дека треба да поврземе уште 80% од светот на интернет.

Адресите ги снемува не само поради тоа што се зголемува бројот на онлајн корисници, туку поради тоа што сега место на интернет, односно ИП адреси добиваат и мобилните телефони и други уреди преку кои се пристапува на глобалната мрежа. Затоа се планира да се префрлиме на IPv6 кој има простор за 340 трилиони, трилиони, трилиони уникатни IP адреси.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии