ДНК-та на Стив Џобс е во темелите на Apple, вели Тим Кук

Дејан Соколоски

во Свет

За разлика од Googlе и Amazon кои креираа паметен асистент за управување со домот, HomePod на Apple ќе остане само звучник, вели Тим Кук за Bloomberg.

Причината за ова едноставна, Apple може да си дозволи управувањето на домот од оди преку iPhone. Компанијата има 375 милиони уреди со Siri преку кој може да управува со домот.

“Всушност ние сме веќе во домот со iPhone, уред кој го носите насекаде. Или е во вашиот џеб или на маса. Денес, пред HomePod можам да го контролирам мојот дом преку Siri и iPhone. Кога се будам телефонот ми е аларм. Велам „Добро утро“ и светилките се вклучуваат; се менува температурата и се случуваат и низа други работи.’

Една од технологиите со кои Apple доцни е проширената реалност. Технологијата е нова и компанијата има доволно време да се вклучи во трката. Сепак г. Кук смета дека проширената реалност e иднината на Apple. Компаниајта веќе има партнерство со IKEA за апликација со проширена реалност.

„Ќе видите што се случува во компанискиот дел каде проширената реалност е клучна за она што го прават. Ќе видете и некои кориснички работи кои се наистина кул. Дали може да направиме се што сакаме? Не. Технологијата не е комплетна“, додава г. Кук.

Г. Кук зборуваше и за врската со претседателот на САД, Доналд Трамп. Иако како што вели тој, тие двајца се сосем различни. Несогласувањата помеѓу г. Кук и г. Трамп се околу повлекувањето од договорот за климатски промени, но и со желбата на претседателот да воведе забрана за емиграција. Сепак г. Кук ја пофали работата на претседателот кога е во прашањето отворањето на нови работни места. Apple е една од компаниите кои најавија дека ќе отворат нови фабрики во САД, а г. Трамп најави специјален третман и огромно намалување на даноците за Apple.

Секако кога Apple се во прашање тешко е да не се помисли на основачот ан компаниајта Стив Џобс. Се чини дека ова е случај и кај директорот на Apple.

„ДНК-та на Стив засекогаш ќе биде во компанијата. Тоа е случај сега. Сакам да биде случај и за 50 години. Сакам да биде случај и по 100 години, без разлика кој ќе биде директор тогаш. Кон ова се стремиме како компанија. Треба да не водат – вниманието кон деталите, грижата, едноставноста, фокусот на корисникот и корисничкото искуство, фокусот на креирањето на најдобар продукт, добро не е доволно мора да биде одлично, со негови зборови – лудо одлично, мора да работиме со сопствена технологија, бидејќи само на овој начин може да ја контролираме нашата иднина и да го контролираме квалитетот на искуството за корисникот“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии