Дневно се објавуваат по 200 милиони твитови

Драстичниот пораст во бројот на твитови пред сѐ се должи на ненаметливото интегрирање на Twitter во активностите на корисниците – тие се привлечени да твитаат за буквално сѐ.  Од лични твитви, преку пренесување на меѓународни случувања, па сѐ до ексклузивни објави на светски настани и новости, Твитер се повеќе се користи како прво средство за испраќање на пораката.

Мрежата интензивно работи на навлегување во секојдневието на корисниците, а светот навистина брзо започнува да се навикнува на тоа. Последен доказ за тоа е одлуката на Олимпијскиот Сојуз да им се дозволи на Олимпијците да твитаат за време на претстојната Олимпијада во Лондон.

Еве само некои од трендинг темите на Twitter кои придонесоа за овој пораст:

  1. АH1N1 – Свински грип
  2. Мубарак
  3. Велигден
  4. Каиро
  5. #prayforjapan
  6. Чернобил
  7. Либија
  8. Фукушима
  9. Вилијам и Кејт
  10. Гадафи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии