Дневно се активираат по 700.000 Android уреди

Енди Рубин, главниот за Android во Google, во пост објави дека сега дневно се активираат по 700.000 Android уреди! Вкупно, од стартување на мобилната платформа до денес, се активирани над 200 милиони Android уреди.

„За тие што се прашуваат, го броиме секој уред еднаш (т.е. не ги броиме препродаваните), и ‘активација’ значи влегувате во продавницата, го купувате уредот, се закачувате на мрежата со претплата на безжична услуга.“, дообјасни г. Рубин на својот Google+ профил.

Се чини предвидувањата дека Android ќе стане доминантната мобилна платформа ќе се остварат побрзо од очекувано. Во мај 2010-та Google рече дека се активираат 200.000 Android уреди дневно. Сега, за само година и пол, таа бројка е скоро три пати зголемено, односно 700.000 уреди активирани дневно.

Но, Android не забележува раст само во активацијата. Google неодамна објави дека се забележани 10 милијарди симнувања на апликации од Android Market.

2 коментари на “Дневно се активираат по 700.000 Android уреди

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии