Дневник и Утрински се вратија на Time.mk

Дневник и Утрински весник се решија да се вратат на Time.mk по еден месец од повлекувањето. Тогаш причина за повлекувањето на медиумите од агрегаторот за вести беа парите, но сега се чини го променија мислењето откако основачот на Time.mk, Игор Трајковски реши и покрај одлуката на медиумите, да ги излиста како извори но само со линк

„Во разговор со МПМ, побараа да се вратат на Time.mk со едно дополнително барање да ги линкуваме нивните вести без рамка. Тоа е договорот помеѓу Time.mk и МПМ.“

Тој додава и дека набрзо ќе има нова политика на Time.mk во врска со рамката, која и пред две години на медиумите им беше трн во око.

„Вестите на медиумите кои не сакаат да се се линкуваат со рамка, нема да се прикажуваат во рамката. Така мислиме дека е фер и тоа ќе ги мотивира медиумите да влезат во рамката а со тоа читателите полесно ќе ги споредуваат содржините на вестите, што е и една од главните квалитети на Time.mk.“, вели Игор.

Драмата меѓу медиумите и Time.mk започна пред некој месец кога првин Сител и Канал5 се повлекоа од популарниот агрегатор, па потоа сите други поголеми медиуми. Тогаш тие беа категорични дека треба да им се плати, но, тоа што беше интересно е што од три .мк агрегатори, медиумите се повлекоа само од Time.mk. Сител, Канал5, Курир остануваат надвор од aгрегаторот кои споделува само линкови од нив.

4 коментари на “Дневник и Утрински се вратија на Time.mk

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии