Дизајнерот Гоце Митевски ја дигитализираше книгата „Бушава азбука“

Пред три месеци Гоце Митевски започна со малку носталгичен проект за дигитализација на „Бушава азбука“. Бушава азбука е проект со кој израснаа повеќе генерации и веројатно еден од најквалитетните и најзначајни проекти за македонскиот јазик. Станува збор за дигитализација на книгата која секако произлегува од серијата.

„Јас пораснав со „Бушава азбука“. И додека бев дете и денес, сметам дека „Бушава азбука“ е едно од најзначајните дела за македонскиот јазик и македонската култура воопшто. Сѐ уште сум фасциниран од талентот на Горан Стефановски и леснотијата со која успеал на најсликовит можен начин да ги опише формите на буквите од нашата азбука и да продре во детските срца. Се разбира, со помош на безвременските илустрации на Душан Петричиќ и маестралната екранизација на Слободан Унковски.“

Серијата и книгата секако се одлични, но навистина долго време немаше дигитална верзија. Новата верзија е своевидна модерна надградба на постоечката верзија на книгата, со сите содржини кои беа достапни, и дополнително епизодите за секоја буква.

За развој на дигиталната верзија Гоце Митевски ги користел следниве алатки:

  • Jekyll
  • Bundler
  • Bootstrap
  • gulp.js
  • Node.js
  • npm

„Имаше предизвик во прилагодувањето на дизајнот за да работи во формат што е соодветен за презентација на интернет и на уреди со екрани во различни големини. Распоредот на содржините во книгата е хоризонтален, но на екран обично нема толку широка површина што е на располагање. Мораше да направам некои прилагодувања и за да може презентацијата да се додава како апликација на мобилни уреди непречено. Останататата работа беше релативно едноставна. Скенирање на печатеното издание и препишување на текстуалните делови.“

Кодот е достапен на GitHub заедно со упатства за инсталација на останатите алатки и библиотеки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии