Дизајн со вештачка интелигенција и Photoshop „оживува“ римски императори

Вештачка интелигенција и Photoshop му помогнаа на Даниел Вошарт во дизајн и реконструкција ликот на римските императори. Невообичаениот дизајн на г. Вошарт креираше „фотографии“ на над 50 римски императори.

Целиот проект започна со Ковид-19 пандемијата и одлагање или замрзнување на останатите проекти. Во овој период тој продолжил со своето хоби боење на статуи на римски императори. Постерите кои ги добива со ова хоби ги поставува на продажба. Веднаш се распродадени првите 300 постери, иако г. Вошард се надеваше дека ќе ги продаде за една година. Сепак на публиката и се допаднаа постерите па сега е во продажба втората серија.

Дизајн со вештачка интелигенција и Photoshop

Дизајнот со вештачка интелигенција и Photoshop оди некако вака… Вошарт најпрво ги собира сите слики на римските императори кои може да ги пронајде; од статуи, парички, разни уметнички дела. Потоа овие слики рачно ги дотерува во Photoshop врз база на историски описи. Потоа обработените слики ги качува во ArtBrider. ArtBrider е софтвер налик на креаторите на карактери во видеоигри и се базира на вештачка интелигенција. Софтверот се користи за манипулација на портрети и пејсажи. Потоа овие модели кои ги креира вештачката интелигенција ги дообработува во Photoshop за финалната верзија на сликите.

Она што го правам е уметничка интерпретација, на уметничка интерпретација, вели г. Вошарт за Verge.

Желбата на авторот била и е, неговите дела да бидат единствено боење на скулптурите. Поради ова и за ликовите да бидат пореални инспирација му се и дел до јавните личности и холивудски ѕвезди. Во ликот на Август и вметнат и Даниел Крег, а за оживување на Максиминус Тракс помогна кечерот Андре Џинот. Интересно пред овој проект г. Вошарт не бил премногу заинтересиран за историјата и за Стариот Рим.

„Мојата цел не е да ги романтизирам императорите или да ги направам да изгледаат херојски. При изборот на биста, прв избор ми беше да ја користам бистата која е направена додека императорот бил жив. Ако нема ваква претпочитав најдобро направена биста и бисти во кои императорите беа погрди – моја теорија е дека уметниците ги разубавувале своите модели.

Некои императори (од подоцните династии со пократко владеење немаат постоечки бисти. Заради ова користев податоци како монети, семејно стебло и место на раѓање…“

Целата листа на римски императори кои се дел од проектот како и ликовите кои придонесуваат можете да ги пронајдете на Medium.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии