The Division навлегува во втората година со ветување за нови DLC-а

Massive Entertainment, тимот кој стои зад The Division, неодамна најави работа на игра заснована на филмот на Џејмс Камерон, Аватар. Ова ги загрижи повеќето фанови кои помислија дека студиото ќе ги насочи силите кон новиот проект и полека, но сигурно ќе ја запостави идната работа на The Division. Massive веднаш реагираа со тоа што кажаа дека никако не креваат раце од The Division, и преку најновиот стрим најавија што сè планираат во втората година од постоењето на играта.

За почеток, Massive Entertainment планира две бесплатни експанзии кои ќе се фокусираат на PvE делот од играта. Првата експанзија излегува летово, а втората наесен. Она по што ќе бидат препознатливи проширувањата е продолжување на филозофијата која беше воспоставена со закрпата 1.4.

„Се работи за дарежлива филозофија која ги наградува гејмерите за поминатото време во играта и за вклучување во заеднички активности каде можат да создаваат уникатни приказни“, објаснува претставник од Massive и додава дека тоа е нешто во што тие навистина веруваат.

Поради тоа, првата експанзија ќе содржи нови настани и PvE содржини кои се доволно флексибилни за самостојно или заедничко впивање, но ќе има и нова структура од настани кои ќе ги наградуваат играчите за учество, комплетирање и натпреварување (ова, претпоставуваме, би изгледало нешто слично на мега настаните во играта Defiance). PvP активности и понатаму се во план, но фокусот е првенствено насочен за PvE содржина од повторлив карактер. Исто така, се работи и на нова опција која ќе дозволи играчите брзо да менуваат претходно одредена опрема и оружје, во зависност од бараната ситуација; нешто што повторно не може, а да не се спореди со системот во Defiance.

„Покрај ова, имаме и достигнувања кои ги наградуваат играчите со уникатни предмети кои со нивната естетска вредност ќе ги истакнат како понапредни во однос на останатите“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии