The Division добива корисни проширувања на есен

По цела година надградба и проширување на клучниот гејмплеј во The Division, особено во player-versus-player делот, тимот зад играта конечно е спремен да го прошири отворениот свет и да понуди нови содржини за впивање.

Бесплатното надополнување 1.8 ќе воведе нова област во player-versus-environment сегментот од играта така што ќе ја прошири главната мапа со West Side Pier. Тука, играчите ќе најдат две нови зони за истражување, простор за социјализација и невообичаени околини за борбени пресметки. На секои петнаесетина минути, играчите ќе добиваат нови настани, краткотрајни мини задачи и динамично појавување на непријателите во непосредна близина на настаните. При завршување на секоја од помалите задачи во отворениот свет, ќе ги добивате истите Division Tech ресурси како при престојот во мрачната зона, што е одлично за играчите кои не го сакаат PvP делот на играва, поточно Dark Zone.

Со проширувањето на отворениот свет ќе дојде и пар од сосема нови режими на играње кои највеќе би биле ценети од уживателите на игри како Destiny 2. Resistance mode е алтернативна изведба на добро познатиот horde mode, каде четири играчи се спротивставуваат на бранови и бранови непријатели контролирани од вештачката интелигенција. За тврдокорните PvP фанатици, пак, The Division ќе се обогати со уште еден мод каде два тима од по четворица си ги тестирааат силите и способностите за заедничка соработка во класичен временско-заснован мултиплеерски меч.

Надополнувањето 1.8 доаѓа на есен.

1 коментар на “The Division добива корисни проширувања на есен

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии