DivAct Montenegro е победникот на првиот Android натпревар во Црна Гора

Црна Гора го одржа својот прв натпревар за најдобра Android апликација. На натпреварот „Прв натпревар: Добродојдовте во Црна Гора“, организиран од црногорското Министерство за информатичко општество учествуваат околу 31 апликации чија цел беа да го промовираат туризмот во земјата.

Првото место го освои DivAct Montenegro на Милан и Филип Марковиќ кои добија 3.000 евра. Втората награда од 2.000 евра ја добија Борко Рајковиќ, Александар Михајлевиќ и Ана Радоиќиќ за својата Conquer Montenegro SE, додека 1.000 евра, односно третото место го освои апликацијата MontApp на Саша Ѓчепановиќ и Антон Јуровички.

„Сите пријавени апликации мораа да имаат содржина и структура која е наменета за промоција на дел или целата Црна Гора: туризам, градови, природна убавина, културно и историско наследство, како и други содржини кои можат да поттикнат туристички посети и да ја подборат промоцијата на тоа што Црна Гора им го пружа на туристите и граѓаните.“, вели црногорското МИО.

Првите три апликации, заедно со уште неколку кои добија HTC телефони како награда, ќе бидат достапни на Google Play.

[youtube]-cMJKbomrWg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии