Disney најавува сопствен стриминг сервис

Дејан Соколоски

во Вести

Една година откако потпишаа договор за ексклузивност, Netflix и Disney највуваат прекин на соработката. Disney планира да ги повлече сите свои филмови од Netflix и веќе во 2019 година да започне сопствен стрим сервис, јави Gizmodo.

Токму новиот стрим сервис на Disney е причината поради која ја прекинуваат соработката. Потегот на Disney не е изненадување, компанијта има куп содржини кои се интересни за потенцијалните претплатници. Покрај цртаните како Toy Story, Frozen, Finding Nemo, тука се и филмовите од Marvel и Pixar. Дополнително, Disney ги поседува и правата на Star Wars.

Disney веќе инвестираше 1.58 милијарди долари во BAMTech и поседува 75% од компанијата. Најголем дел од акциите над 40% Disney купи оваа недела. BAMTech во моментов стрима натревари од професионалната безбол лига.

Први филмови кои ќе бидат споделени ексклузивно преку стримовите на Disney, ќе бидат Toy Story 4 и Frozen 2. Дополнително, третиот дел од новата Star Wars трилогија ќе биде еден од првите блокбастери на платформата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии