Disney го најави стрим сервисот Disney+, кога ќе може да го гледаме во Македонија?

Disney го претстави својот конкурент на Netflix, и ако судиме само по најавените наслови на филмови и серии ќе биде нов гигант. Секако платформата започнува со работа во САД, а датата на која почнува официјалниот „пренос“ е 12 ноември.

Што се однесува за Македонија засега нема официјална дата за останатите региони. Според првата најава Западна Европа и Азија-Пацифик се следни пред крај на 2019. Источна Европа и Јужна Америка се планирани за 2020.  Пречка во глобалната достапност се авторските права за содржините на Disney за локалните пазари. Компанијата мое да почека да истечат договорите или да ги купи сопствениците на авторските права за региони. Според планот сервисот треба да биде достапен во сите поголеми пазари пред крајот на 2021.

Заинтересираните ќе можат да се претплатат на пакет од Disney+, Hulu и спортските канали на ESPN+. Пакетот за сите  три во САД чини 13 долари месечно, секој од каналите посебно се: Disney+, 7 долари; Hulu, 6 долари; ESPN+, 5 долари. Претплатата само на Disney+ каналот е половина од претплатата на Netflix каналот, а ќе бидат достапни содржини од Disney, Pixar, Marvel и Star Wars. И веројатно поважно, не само што содржините ќе бидат достапни на Disney+, туку нема да бидат достапни на другите канали. Од 2019 сите филмови на Disney, Pixar, Marvel и Star Wars ќе бидат достапни единствено на овој сервис.

Уште од почетокот на емитувањето ќе има куп интересна и нова содржина. Star Wars: Mandalorian, нова сезона на Clone Wars; од Marvel покрај Captain Marvel и Endgame доаѓаат и Falcon & Winter Soldier, WandaVision и нова серија за Локи со Том Хидлестон, ексклузивно на сервисот доаѓаат и The Simpsons и куп други содржини.

Според најавата цела содржина која му е достапна на претплатникот ќе биде достапна и за преземање и за гледање офлајн. Ова е услуга која ја има и Netflix, но не за целата содржина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии