Discord го менува фокусот од гејмери кон секојдневни корисници

Discord започна како алатка која им овозможува на гејмерите меѓусебна комуникација додека играат. Но, во овие неколку години, истата се прошири во сервис кој овозможува секојдневна комуникација за многу луѓе.

“Многу од вас дојдоа на платформата поради игри, и секогаш ќе бидеме благодарни за тоа. Но, како што поминува времето, многу од вас сфатија, и се изјаснија, дека едноставно сакате простор каде што ќе може да се дружите и разговарате со вашите истомисленици и пријатели. Сакавте место каде што ќе може да поминете време со луѓе кои имаат исти интереси како вашите, да научите нешто, или да споделите некоја идеја. Место каде што вие, и вашиот свет, припаѓате.” вели Jason Citron, извршниот директор на Discord.

Пред скоро, сервисот ја редизајнира својата веб страна, и мотото во моментов е “Вашето место за разговор”, што звучи многу повеќе инклузивно за најразлични луѓе, а не само за гејмери. Платформата работи на тоа да стане главен метод за комуникација, и во таа насока ќе има неколку промени. Не само што е подобрен процесот за станување на нов корисник, туку и ќе има нови можности и капацитет за аудио и видео разговори, како и подобрувања во перформансите.

Главната конкуренција на апликацијата се апликации како Slack, а во моментов на Discord има преку 100 милиони активни корисници на месечно ниво. Истите тие поминуваат преку 4 милијарди минути во разговори во текот на еден ден. Покрај ова, Discord обезбедија и дополнителни 100 милиони долари во инвестиции, што, како што велат самите, ќе им помогне да ја забрзаат својата посветеност во инвестирање во заедницата.

Со зголемената потреба за апликации кои овозможуваат гласовна комуникација, ваквите инвестиции од страна на Discord се одлична идеја. Од почетокот на 2020 година, апликацијата бележи пораст од 50% кај корисници кои користат гласовна комуникација. Како дел од партнерството со Krisp.ai, компанијата воведе функционалност за намалување на позадински звук при разговори, нешто што значително го зголемува квалитетот на разговорите.

Покрај ова, апликацијата во март најави дека го зголемува бројот на корисници кои можат да следат стрим во живо од 10 на 50, со надеж дека ваквата функционалност ќе биде корисна за професионална соработка, како и за професори кои ги држат своите часови онлајн.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии