Македонската апликација Disaster App го најде своето место на листата на најинтересните проекти од Балканот која ја креираше Red Bulletin, заедно со американско-македонскиот Solaborate; хрватско-македонскиот Fueloyal и македонскиот систем за гласање iVote. Станува збор за постара апликација, објавена уште пред две години година, која беше креирана по катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина и Србија во 2013-та година, и неможноста за комуникација со локалната популација. Апликацијата, наречена „револуционерна“ од Обединетите нации, е поддржана со стартап инвестиција од 10.000 долари

Disaster App овозможува споделување на вести за поплави, земјотреси, големо невреме и најважно корисниците навремено да бодат известени за опасностите, функционалната и нефункционалната инфраструктура. Преку апликацијаа секој може да пријави промена на состојбата, по преверка и потврдување на состојбатаведнаш се менува информацијата во апликацијата и корисниците доаѓаат до релевантни податоци во време кога се најпотребни. Дополнително апликацијата доаѓа со можност за рана и навремена тревога.

Иакое направена од тим на професори и студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), во моментов Disaster App е предадена на Центарот за управување на кризи и на UNDP, кои инвестираа во неа, и се работи на нејзино тестирање во Македонија и Косово. Во тек се преговори за најзино пуштање на регионално ниво, но за жал политиката и тука има вмешано прсти, па преговорите се бавни, а регионалната имплементација неизвесна, вели Ристе Стојанов, eден од авторите на апликацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии