Директорот на Microsoft ги пофали Apple и Google

Дејан Соколоски

во Софтвер

Сатја Надела неодамна на настан одржан во кампусот на Microsoft ја анализираше работата на Apple и Google, но зборуваше и за иднината на Microsoft. Иднината на компанијата под водство на г. Надела e Microsoft да биде провајдер на алатки и провајдер на платформи брз кои ќе се градат апликации.

„Кога размислувам што е тоа што Apple го прави, што Google го прави и она што Microsoft го прави, постои едноставен одговор на тоа што ги прави сиве овие компании различни. Според мене Apple е многу, многу чист и всушност мислам дека Тим Кук направи одлична работа објаснувајќи го ова неодамна, кога рече дека тие едноставно продаваат уреди и тоа е се што Apple го прави. Во Google пак се се врти околу податоци или рекламирање, станува збор за презентирање на вашите реклами колку што е тоа пристојно и навистина се одлични во ова“.

Тоа што Apple го разликува од останатите производители на телефони е App Store кој можеби е клучна причина поради која корисниците се одлучуваат за iPhone, а Apple започна со овој проект од самиот почеток на производството на телефони. Google пак го има најверојатно најдобриот пребарувач, кој им овозможува да бидат во подобра позиција од сите слични сервиси кога е во прашање рекламирањето.

„Во нашиот случај нашиот идентитет е овозможување на другите да креираат продукт. Не е се работи за нас и нашите продукти. Се разбира имаме модел на заработка и бизнис модел, но според мене местото каде Microsoft може да се разликува и тоа што природно произлегува е повеќе е што сакаме на секој од креатор на документ до развивач кој креира свои апликации, до сите други кој работат на свој производ да им овозможиме алтки или платформи. Тоа е сржта на нашиот идентитет и продуктивноста е она што според мене е од клучно значење“

Говорот на г.Надела е само потврда на претпоставките дека со неговото поставување на челото на Microsoft, компанијата ќе се врати кон корените, односно ќе се насочи кон софтвер и услуги преку облакот, многу повеќе отколку досегашните обиди со хардвер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии