Директорот на Apple, Тим Кук, зборува за еднаквоста и геј правата

Директорот на Apple и еден од најмоќните ЛГБТ луѓе во ИТ индустријата, Тим Кук, за прв пат јавно зборуваше за дискриминацијата против неговата сексуална определеност. На настан за човекови права на Аубурн Унивезитот, на кој г. Кук доби награда за животно дело, тој опфати неколку теми вклучувајќи го расизмот на кој како млад бил сведок на палење на крстови во Алабама; зборуваше и за законите за имигрантите, како и за хомосексуалноста и дискриминациите со кои се тој соочувал, како приватно, така и на работното места.

„Од тие рани денови, видов и почуствував многу видови на дискриминација и сите тие беа вкоренети во стравот од луѓето кои се поразлични од мнозинството“.

Зборовите на г. Кук можат да бидат клучни во дебатата во современа Америка за правата на геј луѓето, и нивното право да стапат во брак и да посвојат деца. Слична дебата се води и во Македонија, но е помалку интензивна од САД каде неколку сојузни држави веќе ги официјализираа тие права. Коментирајќи за геј правата, г. Кук додаде дека „сега е време да се напишат основните принципи за човечкото достоинство во книгите на законот.“

[youtube]dNEafGCf-kw[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии