Директорот на Apple, Тим Кук, не верува дека Google Glass ќе бидат прифатени на пазарот

Директорот на Apple, Тим Кук, не е импресиониран од Google Glass. Тој на конференцијата на All Things D вели дека не само што уредот не е нешто посебно, туку и верува дека производот на Google нема да биде широко прифатен. Но, сепак г. Кук верува дека иднината на компјутерите е во уредите кои можете да ги носите насекаде. Можеби не како наочари, туку како паметни часовници.

„Има позитивни страни на Google Glass. Најверојатно ќе им се допадне на некои вертикални пазари. Сепак веројатноста дека ќе биде широко прифатен е тешко да се замисли.“, вели г.Кук за производот на нивниот најголем конкурент.

Иако без официјална потврда Apple изгледа е подеднакво заинтересиран за уредите кои можете да ги носите насекате со вас, но засега не е објавува кој дел од облеката или телото ќе го таргетираат.

„Гледам на преносните комјутери како многу важна гранка во индустријата.“ вели г.Кук. „Од гледна точка на широко прифаќање очилата се ризични. Да ги убедите луѓето дека мора да носат нешто, уредот мора да биде навистина специјален. Ако прашате во соба полна со 20-годишници колку од нив носат часовник, не верувам дека некој ќе се пријави.“

За жал г.Кук помина голем дел од интервјуто во фалење на искористеноста на iPad, уред на кој и не му е потребно посебно вимание, на прашањата за идните планови на Apple, прилично не елегантно изгледаше неговиот одговор „Не сакам да одговорам на ова прашање“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии