Следејќи го @LFCTV, официјалниот Twitter профил на клубот Ливерпул, го видов твитот за Ливерпул брендираниот пречистувач, по што кликнав и го пробав, но не ми се допадна. Пред друштвените мрежи мој контакт со клубот би бил само едностран, конзумирачки: преку новините, преку информациите на нивниот веб сајт и преку телевизиските преноси.

Но бидејќи е Twitter им пишав коментирајќи дека не ми се допаѓа брендираниот прелистувач бидејќи е премногу комплициран. По ова @LFCTV ми одговорија по што разврзавме разговор поради погрешен линк и Firefox додаток. Комплетно рандом дискусија со голем бренд, нели?

@ViktrArs Did the link take you to the LFC browser rather than the Firefox add on? (Matt)Tue Aug 10 13:49:31 via web

Twitter како друштвена мрежа сигурно помогна за да се започне разговор со англискиот клуб. Но исто важно е што Ливерпул се доста отворени кон друштвените мрежи. Ова треба да го прават и сите локални клубови. Во контекст на Ливерпул, би ги споменал и Работнички чии фанови имаат доста активна Facebook страна што навистина помогна за фановите да дознаат информации пред натпреварот со англискиот клуб, наместо да вртат постојано или да чекаат пред билатара. Од друга страна таа интеракција му донесе повеќе фанови на клубот.

Друг пример е пријатното изненадување кога астронаутот Хозе Хернандез ме поздрави бидејќи го споменав во твит, благодарение на отвореноста на @NASA чии астронаути имаат свој Twitter профил и постојано комуницираат со луѓето ширум светот.

@ViktrArs Spaciba Viktor! – XoceWed Apr 28 13:37:33 via web

Да не ги заборавиме и локалните бизниси т.е. мал ден од нив (вие знаете кои сте! :) ) кои храбро излегоа на друштвените мрежи за да постават пријателски и директен контакт со корисниците и потрошувачите.

Што се однесува до нас, корисниците, фановите и потрошувачите, друштвените мрежи ни нудат шанса или да се испукаме на лошите брендови или пак да поставиме реален контакт и да се обидеме да подобриме нешто кај некој бренд.

Ова е ера каде директната комуникација е премногу важна за да се игнорира, и за брендот и за корисникот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии