Дијаспората во Србија ќе може да праќа пари со блокчејн

Наскоро во Ниш, Србија, ќе започне тестирање на блокчејн решение кое ќе го олесни испраќањето на пари од странство.

Решението најмногу треба да им помогне на граѓаните кои примаат средства од странство. Станува збор за околу 800 000 граѓани на Србија. Проектот „Сигурно и лесно“ е дел од соработка на UNDP Србија, градот Ниш, ирската компанија AID:TECH, Народната банка на Србија и Комерцијална банка, пренесе Startit.

Најголема предност на блокчејн трансферот е помалата провизија на трансфер која ќе изнесува околу 3%. Секако предност е и што средствата ќе му бидат на располагање на корисникот веднаш.

Тестот на системот ќе започне со суми од 100 долари, или евра. Штом средствата се уплатени, корисникот добива QR код. Во следните 5 дена корисникот може да ги потроши парите.

Половина од парите, треба да потрошат во некоја од продавниците кои учествуваат во пилот проектот, а засега се три продавници. Другата половина треба да се потроши за плаќање на сметки онлајн. За уплата корисникот треба на каса да го покаже QR кодот кој доаѓа или на телефон или на имејл.

„Намерата ни е во следната фаза поинтензивно да ја вклучиме Народната банка на Србија и да се обидеме заедно со Владата и Народната банка да помогнеме за подобрување на законската рамка за користење на блокчејн технологии…“, велат од UNDP Србија.

Проектот започнува од 1 септември и ќе трае до средината на октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии