Дигитално раскажување приказни во образованието

Што е Digital Storytelling?

Digital Storytelling е напор да се раскаже приказна со дигитални помагала. Како модерна верзија, Digital Storytelling е следниот еволутивен чекор на класичното раскажување приказна. Поентата на дигиталното раскажување приказни не е да се раскаже изолирана приказна, туку да се споделат и поврзат искуства и перспективи на одредена група луѓе со целата заедница.


Пример за дигитално раскажување приказна

Како помошна техника во образованието, дигиталното раскажување приказни зазема сè поголем замав, особено во последните десеттина години. Популарноста се должи на огромната флексибилност која се крие во Digital Storytelling, како во поглед на креативниот процес, така и во начинот на дистрибуирање до заедницата.

Digital Storytelling не е само за раскажување приказна; во сржта на таквата тематика се кријат желбите за придонес и соработка. Сè повеќе наставници гледаат да ги организираат нивните ученици во здружување сили и раскажување одредени дигитални приказни со кои ќе се создаде медиум, ќе се пренесе знаење, но и ќе се обединат гласовите. Токму поради тоа, дигиталното раскажување приказни не е замислено да раскаже аналогна приказна, туку да помогне идејата која ќе се роди, да биде формулирана во приказна која подоцна, со дигиталните алатки, ќе биде трансформирана на нови, возбудливи и поучни начини.


Како Digital Storytelling помага во борбата против малтретирање на учениците

Преку дигитално раскажување приказни, учениците можат да се здружат и ,на крајно креативни и интерактивни начини, да ја запознаат заедницата со бројни проблематики. Една дигитална приказна може да ја запознае заедницата со (сајбер) малтретирање и како е најдобро не само да се идентификуваат таквите форми, туку и како правилно да се реагира. Други училишта би можеле да прикажат научни експерименти на интерактивни начини кои не би биле возможни преку стандардните методи, а трети училишта би можеле да понудат креативно смислени статистички извештаи за работата на училиштето.

Digital Storytelling не дискриминира и е одличен начин за најразлични презентации, независно од училишниот предмет. Се смета дека вклучувањето во проекти на дигитално раскажување приказни може да помогне на децата поактивно да бидат вклучени во креативните процеси, полесно да се справуваат со проблеми, како и подобро да се социјализираат. Да не ни зборуваме за предностите кои произлегуваат од работата со бројни софтверски апликации и како таквата интеракција влијае на критичното мислење.

Кога сме кај самите апликации, Digital Storytelling е процес која бара запознавање и вештина при работа со соодветни алатки. За раскажување на вашата приказна имате на располагање неброени алатки. До некои пристапувате директно од официјалните сајтови, а некои ги преземате, инсталирате, а подоцна користите од вашите компјутери, односно преносливи направи.

Алатки за дигитално раскажување приказни

Stop Motion Studio ви дозволува да создадете анимирани филмови така што правите неживи предмети да изгледаат како да се движат. Со оваа алатка, ги поврзувате сликите кои сте ги земале по хронолошки редослед и ги преточувате во анимирана, филмска илузија. Stop Motion Studio ви дозволува да вметнувате слики, аудио и видео извори, како и да снимате гласови, или да цртате одредени ефекти.

Во случај да барате малку поразлична алтернатива на Stop Motion Studio, на располагање ја имате и алатката PicPac. Таа е заснована и на time-lapse технологијата, но финалниот продукт е доста сличен на stop-motion ефектот од претходната алатка. Нам ни се допаѓа PicPac затоа што фотографира секој пат кога ќе направите некој звук, како ракоплескање. На тој начин, се елиминира потребата вие рачно да морате да ги фотографирате сите фрејмови.

Quik е нашиот трет избор за Digital Storytelling. Со оваа алатка, лесно можете да ги пренесете вашите фотографии во интерактивен продукт кој е целосно синхронизиран со музичкиот извор. За исклучително брзо време, апликацијата ги анализира сите ваши фотографии, односно видео материјали, прилепува убави премини и ефекти и ги синхронизира со ритамот на музиката.

Која дигитална приказна ќе раскажете вие?

1 коментар на “Дигитално раскажување приказни во образованието

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии