Дигиталните стрипови станаа подобри со вештачката интелигенција на Google

Минатата година Google создаде нов формат за дигитални стрипови, а малку подоцна го купи стартапот Oyster кој требаше да биде „Netflix за книги“. Сега Google ја вметна вештачката интелигенција во стриповите, а новата технологија ја презентираше на Comic Con во Сан Диего. Новата технологија е вметната во Google Play Books апликација и ќе го олесни читањето на стрипови на помалите екрани на телефоните.

BZ_Invincible_IronMan_Marvel_2016-07

Она што ќе го овозможува вештачката интелигенција е зголемување на балончињата со текстот кога корисникот ќе притисне на нив. Засега Bubble Zoom работи со дел од стриповите, но вештачката интелигенција веќе „учи“ да чита манга стрипови, јави Google на Android блогот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии