Дигитални помагала во македонското образование

Електронски дневник, безбројни чек-листи и планирања. Ова се само дел од непресушното множество обврски со кои наставниот кадар секојдневно се соочува. Ситуацијата станува значително покомплицирана (и поскапа) кога, за ваквите евидентирања наставникот се потпира на книжната форма.

Како би се олесниле ваквите обврски при почетокот на новата наставна година, си земавме за слобода да ги истражиме бројните начини на кои дигиталната технологија би можела да ја олесни работата на наставникот. За секоја обврска која, обично се извршува со печатење, пишување или физичко разменување изнајдовме нешто што се надеваме дека е поевтина, побрза и поефикасна алтернатива.

Со оглед на специфичноста на проблематиката, текстот најмногу ќе помогне на наставниците, но подеднакво се труди да даде увид и во одредени административни постапки кои би можеле да бидат корисни и за пошироката публика.

Проблеми со кои што се соочува наставниот кадар:

  • Физичка размена на планирања и примери од добра пракса помеѓу колегите и не знаење на кого што сте дале и кога и како ќе ви биде вратено.
  • Позајмување USB стик е подеднакво проблематично затоа што не знаете со колкав број вируси би ви било вратено или дали некои податоци ненамерно би биле изменети или избришани.
  • Секојдневно носење дневни планирања за секој час.

Предлог решение: Dropbox

Dropbox е софтверска апликација која ви дозволува да поставите какви било податоци на облак и лесно да пристапите кон нив независно од времето, местото и направата.

Едноставно креирајте акаунт и поставете ги сите планирања и примери од добра пракса во уредно креирани категории, нешто слично на долната слика.

slika 1
(Десен клик на кој било фајл или фолдер и кликнување на опцијата Share, ви дозволува да го споделите фајлот со кој било колега или просветен инспектор , искрено се надеваме дека е колега, а левиот клик резултира со директен преглед на документот).

Вградениот прелистувач ќе ви дозволи да коментирате на одредени области низ документот, но не и да вршите промени во истиот; за таквото нешто потребно е да го преземете документот и да ги направите измените преку претходно инсталиран канцелариски пакет, како Word.

Во случај да избришете некој документ Dropbox се одликува со backup систем кој враќа избришани податоци од последниот месец. До Dropbox се пристапува преку прелистувач или преку софтверска апликација за компјутер или мобилен уред (Android или iPhone).

Инсталирање на програмот строго се препорачува затоа што ви дава пристап до податоците и кога не сте приклучени на интернет, а сите измени кои ќе ги направите на документите кои се поставени во Dropbox фолдерот автоматски се ажурираат низ сите направи (слика 2).

slika 2
(Dropbox за PC изгледа и финкционира како виртуелен USB стик. Што и да копирате или смените во фолдеров, автоматски ќе се ажурира и овозможи пристап на која било направа откако ќе се логирате со вашата сметка)

Земајќи го сево ова предвид, Dropbox ја елиминира потребата од физичко споделување документи или USB стикови, ви дозволува инстантно да пристапите до саканото планирање од кој било компјутер или телефон. Исто така, не мора да се плашите дека нешто би можело да се изгуби или оштети – апликацијата сочувува претходни верзии на некој документ и овозможува лесно враќање на истите.

Вработените во одредени училишта во Македонија се имаат целосно поврзано преку Dropbox и преку папки наречени „Примери од Добра Пракса“ разменуваат најразлични искуства од работилници, планирања и тестови. (слика 3)

slika 3

(Вака вмрежените наставници од училиштето се здобиваат за еднoставна и квалитетна алатка за заедничко споделување витални податоци, како и колективно допринесување за подобар образовен процес).

Проблеми со кои што се соочува наставниот кадар:

  • Бројни чек листи за однесување на учениците знае да биде макотрпна и непрегледна работ

Предлог решение: Class Dojo

Class Dojo ви дозволува да изградите одлични услови за заедница помеѓу ученици, родители и наставници.

Откако ќе креирате одделение и ќе го наполните со имиња од ученици можете да започнете со доделување позитивни или негативни поени во зависност од вклученоста на учениците. Па така, одреден ученик можете да го наградите со поен за искажана креативност, целосно напишано домашно, или тимска работа, а на друг ученик да доделите негативен поен, за ненапишано домашно, спиење на час, или неактивност.

Slika 4
Ваквото нешто е направено на исклучително симпатичен начин и повеќето од наставниците со кои имавме можност да поразговараме, сметаат дека влијае исклучително мотивирачки на децата, а на самите наставници им пружа одличен преглед за активностите и дигитална ризница од евидентирани случки.

Во случај да ви биде побаран доказ, односно чек листа, лесно можете да ги прикажете присутноста, активностите и оценките на детето преку опцијата Reports.

slika 5

Како што можете да забележите од горната слика, евиденцијата за присутноста и поведението може да се прикаже на дневно, неделно, месечно или целокупно ниво и тоа во две различни форми (круг или spreadsheet). За секој поен имате детален приказ за време и име на час, а по потреба, можете истото да го сочувате, препратите или отпечатите.

Проблеми со кои што се соочува наставниот кадар:

  • Сликање активности како работилници и креативни часови, макотрпно сортирање на сликите низ различни фајлови и хаотичен приказ на истите.

Решение:

Комбинирајќи ги можностите на Dropbox и Class Dojo можете да го трансформирате овој проблем во автоматизиран процес кој нема ни да го забележувате. Имено, доколку ја имате инсталирано Dropbox апликацијата на вашиот паметен телефон, секоја фотографија што ќе ја направите автоматски ќе се постави во вашата претходно-одредена Dropbox папка.

Од друга страна, телефонската апликација на ClassDojo има вградени можности за фотографирање и автоматско поставување на фотографијата на специјализирана веб страна до која имаат увид учениците и/ или родителите. Посетителите можат да оставаат коментари, како и да ги споделуваат фотографиите. Во случај, инспектор да ви побара доказ, едноставно и брзо можете да му ги прикажете фотографиите или да му пратите линк за email.

Slika 6

Проблеми со кои што се соочува наставниот кадар:

  • Недоволно познавање на технологиите и несигурност, а со тоа и аверзија кон нивното користење и секојдневна употреба

Решение:

Од она што имаме забележано, во секоја образовна институција има најмалку една личност која е компјутерски поткрепена и желна да го сподели своето знаење со вработените. Организирање интерни работилници/семинари каде ќе се покрие употребата на технологиите како Dropbox, ClassDojo и слично делуваат како најлесно решение со кое сите излегуваат како победници.

Тука не зборуваме само за здобиеното знаење, туку и за можноста да го збогатите вашето портфолио со дополнителни активности па и сертификат. Class Dojo, на пример, овозможува одлични услови за дисеминација на технологијата преку CD менторите од училиштата, а како резултат врачува семинари и постери за училниците.


Искрено се надеваме дека горните информации беа корисни и дека ќе ви помогнат новата учебна година да ја започнете на полесен поефикасен начин, како и да ја надградите секојдневната интеракција со учениците и родителите. Доколку имате некое додатно прашање, не двоумете се да го контактирате авторот на овој текст!

1 коментар на “Дигитални помагала во македонското образование

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии