Дигитална реалност на Esquire магазинот

Доколку го поставите магазинот пред компјутер со веб камера, ќе ви се појави глумецот Роберт Дауни Џуниор кој ќе ви го престави магазинот. Како што го мрдате магазинот така се променува и анимацијата, и буквите летаат на други страни.

Ова изгледа навистина футуристички и интересно. Купувате магазин и наместо да вртите страни за да гледате колекција облека, вие гледате маникенка пред вас којa ги пробува разновидните алишта. Или ги прегледувате головите од фудбалскиот натпревар што сте го пропуштиле. Од еколошка и економична страна не трошите толку многу хартија за печатење, туку ја користите технологијата за да дистрибуирате квалитетна содржина, а сепак продолжувањте да продавате „традиционален“ магазин.

Кој знае колку пари се потрошени за изработка на вакво издание на магазинот, „Еsquire“ не ја кажува сумата, но верувам дека ќе им се исплати многу бргу. Јас дефинитивно би купил и би „читал“ вакви магазини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии