Дигитализација: Македонија во европската веб библиотека Europeana

Затоа и ѕирнав низ дигиталната содржина превземена од десетина европски музеи и институции, заинтересиран за што од „Macedonia” има во библиотеката

Прво на што наидов се куп слики од монети, но поголемиот дел се опишани како грчки, со додадено дека се македонски, и искрено е потребно историчар за да упати лаик како мене во нивното историско значење.

Но, затоа пак наидов на неколку интересни видеа чиј извор е Кинотека на Македонија, a кои се наоѓаат на filmarchives-online.eu, уште една европска архива. Пример, ми се допадна „Средновековни фрески во Македонија“. Следејќи ја трагата наидов на цел избор на филмови за Македонија, за Галичник, за Охридското езеро… сите објавени на YouTube.

 
Самото дигитализирање на културното наследство во Europeana.eu и линкање на едно дело ме доведе до ризница на доста интересна културна содржина, нешто на што не сум наишол до сега.

Ако тоа дело го побарам на страната на Музеј на Македонија ќе добијам само кратки текстчиња како да сум во основно училиште. И тоа ќе добијам само текст, бидејќи галерии со фотографии нема.

Постојано сме опседнати со споменици на Александар, Ченто… ставени на само еден плоштад, огромни статуи на само неколку квадратни метри, а сепак не може да се дигитализира културното наследството и да се понуди на светот да види нешто и научи за што се случувало тука.

Со дигитализацијата и закачување на делата на интернет ќе се понуди многу повеќе од само гледање на објектите како што се тоа прави во музеј. Џабе ако видам монета или фреска кога немам поим за што се работи. Но стави ја на интернет, додај текст, додај линкови до друга релевантна содржина, и ќе се изначитам и научам што значи таа фреска и зошто е важна, колку е стара итн…

Или еве уште една идеја, истиот дигитален текст може да се искористи да се стави мониторче на допир за скролање под фреската во музеј, за да можат луѓето да прочитаат кога се во музеј. Не за џабе сме земја на информатичари, нели?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии