Digital Chaos и Saksa со второ место и 3.4 милиони US долари на The International 2016

Image Courtesy of Digital Chaos

Тимот Digital Chaos, во кој учествува и македонскиот професионален Dota 2 играч Мартин Саздов, aka Saksa, освоија второ место и награда од 3.4 милиони US долари на шестиот по ред Dota 2 турнир – The International, кој се одржа во Сиетл, САД од 8-ми до 13-ти август.

На ова светско првенство наградниот фонд беше над 20 милиони US долари и беа обединети најдобрите тимови од сите континенти што го направи The International најголем е-спорт турнир во светот.

dota2

Првото место по жестоко финале го освои тимот Wings од Кина, совладувајќи го тимот на Digital Chaos со резултат од 3:1 и освојувајќи го турнирот заедно со награда од 9 милиони US долари.

Saksa е еден од ретките играчи на Dota 2 во светот кој има добиено 8,000 MMR (Match Making Rating, што практично е мерило за способноста на играчот), а неговиот тим Digital Chaos е составен пред 1 година од страна на основачот Шенон “Sunsfan” Скотен од САД, кој исто така е и сопственик на сајтот DotaCinema и почитувана личност во Dota 2 заедницата.

martin-sazdov

Покрај Saksa, други членови на тимот Digital Chaos се Роман “Resolut1on” Fominok, Аливи “w33” Омар, Дејвид “Moo” Хул и Расмус “MiSeRY” Филипсен.

За своите почетоци со професионалното играње, Saksa говори подетално во S01Е35 на GG.mk:

Второто место за Digital Chaos и Saksa покрај освоената награда од 3.4 милиони US долари, значи и поголема афирмација на тимот и популарност како и можност за привлекување на спонзори. Додека за македонската е-спорт сцена, овој успех на Saksa значи потврда на е-спортот и огромна мотивација за сите кои имаат желба да направат кариера како професионални е-спортисти.

Неодамна ја добивме и официјално нашата Македонска е-спорт федерација (МеСФ) која ја најави првата македонска е-спорт лига.

Македонската е-Спорт Федерација му го честита второто место на Мартин Саздов-Сакса на The International 6. Од овој момент, Сакса е дел од историјата на е-Спортот во Македонија и мотиватор за многу млади гејмери. Овој негов подвиг е еквивалент на златната копачка на Дарко Панчев и успесите на Кире Лазаров.  Македонија доби голем спортски амбасадор во најмладата спортска дисциплина во светот, но и најпопуларната, изјави за IT.mk претседателот на МеСФ, Бобан Тотовски.

Тотовски истакнува и дека подемот на е-спортот и развој на оваа индустрија е неизбежен, и ја искористи приликата да упати апел до институциите и компаниите да дадат соодветна поддршка за развој на е-спортот.

Е-спортот бележи досега најголем подем и веќе следната година ќе биде една од најбогатите индустрии. Оваа голема победа на Мартин доаѓа само 20-тина дена пред одржувањето на националните квалификации за учество на Светското првенство во е-Спорт во Џакарта Индонезија. Уверени сме дека ова ќе биде голем мотив за сите наши млади гејмери,  но и потсетник за институциите и за компаниите дека време е веднаш да се даде поддршка за развој на е-спортот и негово официјално признавање во Македонија.

8 коментари на “Digital Chaos и Saksa со второ место и 3.4 милиони US долари на The International 2016

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии