Сакса e првиот Македонец што ќе се натпреварува на Dota International 2016

Moжеби македонските ракометари и фудбалери се заглавени во постојаните обиди да го „подобрат“ својот пласман, но додека тие сонуваат за интернационални турнири, во е-спортот го имаме првото деби.

Мартин Саздов, познат како Saksa, е еден од најдобрите Dota 2 играчи во светот, и заедно со својот американски тим Digital Chaos ќе се натпреварува на овогодинешниот Dota 2 International 2016. Доколку не следите е-спорт, Dota 2 International е пандан на Светско клубско првенство. Најдобрите тимови од сите континенти, најпрво играат на континентални квалификации, па потоа се натреваруваат со победниците од останатите континенти. Овој турнир кој се очекува да има награден фонд од 20 милиони долари (наградниот фонд Valve ги собира преку продажба на „Compendium“ од кој 25 отсто одат во фондот), е еден од најголемите е-спорт турнири во светот кој го следат десетици милиони гледачи.

Минатогодишен победник на International е тимот на Evil Geniuses, кој исто така доаѓа од САД.

 

1 коментар на “Сакса e првиот Македонец што ќе се натпреварува на Dota International 2016

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии