Digital Chaos и Сакса без пораз на Boston Major

Тимот на Digital Chaos во кој е нашиот Мартин Саздов – Сакса, продолжува со успешни партии на Boston Major. Тие без поголем проблем го совладаа тимот на Faceless со 2:0, кој во текот на двете партии не изгледаа дека ќе ги загрозат. Она што најверојатно ќе ви биде поинтересно е дека MVP (Most Valuable Player) на првиот од двата натпревари беше токму Сакса.

Натреварите на Digital Chaos продолжуваат со четврт финалето кое е закажано за денес. Digital Chaos го игра својот натпревар против NPDotА, со почеток во 23:00 ч.

Boston Major е првиот голем Dota 2 натпревар за сезоната 2016-2017. Она што е интересно е дека ова е првиот голем настан каде Digital Chaos се дел од фаворитите. Досега тимот беше пријатно изненадување или играше против фаворитите. Се чини дека Digital Chaos ќе продолжат да бидат фаворити барем до следниот натревар, со оглед на тоа дека коментаторите сметаат дека се доволно силни да го освојат турнирот.

Типот на турнирот е елиминациски, а победникот ќе добие најголем дел од наградниот фонд тежок 3 милиони долари, или 1 милион долари за освоено прво место, 500.000 долари за освоено второ и 250.000 долари за трето место. Секој натпревар до финалето е подобар од 3, а само финалето е подобар од 5 натпревари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии