Digipath – Отворен настан за стекнување на ИТ вештини за деца

За 15-ти септември (среда) Едуфронт најавува онлајн дружба со предизвици за стипендии на DIGIPATH програмите за програмирање, веб дизајн, дизајн и scratch за деца од 8-14 години.

Во рамки на DIGIPATH онлајн програмата децата заедно со нивните омилени едукатори ќе имаат можност да учат за Scratch, програмирање, веб дизајн, дизајн. Децата заедно со своите родители ќе имаат можност да ја одберат дигитална патека која најмногу им одговара.

Програмите се препорачуваат за деца од 8 до 14 години. За да се задржи квалитет на наставата, предавањата се одржуваат во групи од 6 до најмногу 10 ученици. На часовите, децата на креативен начин, преку неколку предизвици, ќе научат основи за на програмирање, веб-дизајн, дизајн и Scratch.

За време на Едуфронт дигиталните патеки, на секој час ќе се обработува различна содржина. На секој час децата ќе ги гледаат инструкторите кои внимателно објаснуваат, ќе имаат различни активности преку анимирани визуелни презентации. Ќе бидат вклучени активности со игри, вежби и уште многу интересни нешта кои специјално ги подготвивме за децата”, вели Гордана Мишевска, основач на Едуфронт и главен координатор на новите дигитални програми.

За подетално запознавање со програмите Едуфронт ќе одржи неколку презентации на кои заинтересираните ќе може да се запознаат со програмата.

На отворените денови заинтересираните ќе можат да дознаат: што е компјутерска писменост и зошто им е потребна на децата.

“Идејата за овие програми се разви после интересот на сите деца кои досега ги поминаа онлајн обуките – беа желни да продолжат и повеќе да научат – така решивме да креираме различни дигитални патеки каде секое дете започнува со Scratch како вовед во креативно компјутерско образование.  Понатаму зависно од својот интерес може да продолжи да изучува програмирање во Python или да навлезе во веб дизајн со HTML/CSS или да се насочи кон совладување и работа со дизајн. Досега имаме бројни завршни проекти и примери од преку 100 наши деца слушатели кои навистина нѐ изненадија од тоа колку се напредни и желни за изучување на технологија и за дигитално креативно изразување.”

Досега, Едуфронт континуирано работи, придонесува, и има оддржано бесплатни онлајн сесии со едукатори, психолози и родители. Досега над 2200 гледачи во живо го следеле вебинарот за родителство и едукација со психологот – Бојана Стојменовиќ.

Со цел да помогне и излезе во пресрет кон новонастанатите предизвици Едуфронт обезбедува и бесплатна обука за навремена дигитална адаптација на Scratch за едукатори, родители и деца.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии