Digg Reader е достапен за iOS, наскоро и за Android

Уште во периодот кога од Google најавија дека ќе го исклучат својот RSS читач, Digg најави дека ќе започнат со развој на таков сервис. Сега Digg Reader веќе е достапен на официјалната Digg апликација за iOS. За Android, Digg Reader би треало да биде достапен при крајот на јули. Во моментот Digg и Digg Reader ги гледаат како еден продукт и токму затоа во iOS апликацијата за Digg е вклучен и најновиот сервис. Причината поради која тие го гледаат како еден продукт е можноста за корисникот преку својот читач да направи „digg“ на одредена статија, со што ќе се помогне на официјалниот сајт да ги следи најпопуларните теми.

Digg е само една од компаниите кои тргнаа во трка за придобивање на корисниците од RSS агрегаторот, а во досега изгледа дека најмногу од тоа осети Feedly. Во продолжение можете да видите како изгледа Digg Reader на iOS.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии