Diablo III во подготовка

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Декард Кејн се
враќа. Blizzard Entertainment потврди дека работи на Diablo III, продолжение на серијалот Diablo, RPG – игра која се продаде во преку 4 милиони копии од вториот дел, а 1 милион само во
првата недела откако се објави на продажба, и која се уште ги држи рекордите за продажба на видео игра.

Во продолжението, кое се очекуваше скоро 8 години, ќе се престават пет различни класи меѓу кои ќе биде и популарниот Barbarian. Новата класа ќе биде the Witch Doctor, кој
ќе користи магии за да убива како Mass Confusion, Soul Harvest, Firebomb,
LocustSwarm and Horrify и ќе има слични магии за повикување миленичиња на
помош
како Necromancer-от од Diablo
II.

{mosimage}

Во играта ќе се
врати и Декард Кејн, мистичниот дедо кој е централна фигура во првите два дела
и кој не водеше низ приказната, но се уште не му се знае конкретната улога.

Приказната ќе
почне во Sanctuary, свет на темна фантазија, кој бил спасен од неколку храбри херои додека ги убивавме Diablo, Mephisto и Baal. Тие херои полуделе од нивното
искуство во темниот свет, што ги прави опасни за Tristam.

Од Blizzard Entertainment најавуваат дека Diablo III ќе го има лесниот интерфејс, многу акција и нов визуелен дизајн.

– Со Diablo III ќе направиме сé што сме сакале да
направиме со првите 2 дела и многу, многу повеќе – изјави Бил Ропер, продуцентот
на Diablo II за време на Blizzards’ 2008 Worldwide Invitations во Париз, конференција на која
учесниците за прв пат ги видоа новите слики од играта. Меѓудругото во
Париз се објавија и детали за новиот додаток за он-лајн феноменот World of Warcraft, The Wrath of the Lich King.

Се
уште нема конкретен датум за објавување на Diablo III, но се шпекулира дека ќе
излезе по Starcraft II, исто така долго очекуваното продолжение
на популарната авантура на Blizzard Entertainment.

Еве го краткиот трејлер за Diablo III:
{youtube}EgbUSsblCSQ{/youtube}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии