Diablo: Hellfire е бесплатна на GOG

Од неодамна, првата Diablo игра почна да се продава на GOG. Потегот беше пречекан од носталгичните гејмери со раширени раце и издавачите Blizzard решија да ја прошират понудата. Имено, сите оние кои ќе ја купат Diablo, бесплатно ќе ја добијат и неофицијалната Hellfire експанзија.

На Diablo: Hellfire работеше Synergistic Software студиото. Експанзијата по првпат ја воведува класата Monk, како и бројни екстра квестови, оружја, и зандани. Паралелно со ова, ќе се соочите со нови непријатели и ќе користите целосно нова опрема и оружја. За масовна прифатеност од модерните системи, играта е надополнета со поддршка за висока резолуција, како и други оптимизации кои го прават искуството попријатно.

Моментно, продавницата GOG има распродажба на бројни игри, со длабоки попусти до 90%. Како дел од распродажбата е и Diablo, но само со попуст од 10%. Попустите трајат до 17 јуни, а игрите кои ги купувате тука се без DRM заштити и можат да се играат како било и кога било.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии