Diablo 3, Guild Wars 2, Mass Effect 3, Hobbit… се дел од насловите кои не очекуваат во 2012-та

Една од добрите работи кога сте на крај на годината е што можете да се посветите на задоволствата и забавата кои ве очекува во следната година. Во годината која доаѓа има навистина многу најави од индустријата за видео игри, но и од забавата. Ова е само мал дел од настаните кои можеме да ги очекуваме во 2012 година:

Guild Wars 2

Повеќе од пет години по најавата за продолжението на Guild Wars, се поизвесно е дека Guild Wars 2 ќе излезе во 2012 година. Играта навистина изгледа одлично и можеби помалку важно нема месечна претплата. Една од најавите е дека дизајнерите од NCsoft ќе се обидат да го растурат триото – тенк, лекар и „dps“, поточно секој играч ќе може да ги избегнуба нападите или да се излечи. Затворен бета тест за играта е веќе започнат, но и покрај ова сеуште нема официјална дата на излегување. За подетални информации и за да видиме колку NCsoft ќе успееат да ги остварат ветувањата ќе мора да почекаме барем до отворената бета.

[youtube]96LfNWrKmW0[/youtube]

Diablo 3

За следната игра не треба никаква посебна најава. Dа узлегуваше на сите платформи најверојатно следната игра без проблеми ќе ги освоеше сите награди за најочекувана игра за 2012. Повеќе од десет години фановите на Diablo го чекаат третото продолжение на серијалот, конечно можат да се смират и покрај тоа што сеуште нема официјална најава Diablo 3 најверојатно ќе излезе во првите три месеци на 2012. Веќе сe започнати бета тестовите, а на Youtube веќе можете да погледате и неколку воведни видеа за сите класи.

[youtube]kp2Q-B24Hdg[/youtube]

Mass Effect 3

Во 2012-тa ќе го видиме и крајот на Mass Effect, всушност според најавите Mass Effect 3 може и да продолжи, но ова секако ќе биде последно продолжение во кое во главна улога ќе биде Шепард. Веќе има најави и за филм кој ќе биде снимен според играта, но да причекаме додека официјално не биде објавено, да не излезе иста приказната како за Warcraft филмот. За разлика од Guild Wars 2 и Diablo 3 оваа игра ќе излезе на трите платформи и веќе е објавена датата на излегување 6 Март.

[youtube]zBMTpI3lcZU[/youtube]

Batman, Hobbit, Game of Thrones…

Покрај видео игрите во 2012-тa не очекуваат и неколку интересни серии и филмови Batman: Dark Knight Rises, првиот дел на Hobbit и втората сезона на серијата Game of Thrones се само дел од нив. Toa што е добра кај овие филмови е што сигурно ќе ги мотивираат и гејминг студијата да направат и виртуелни светови од нив.

[youtube]G0k3kHtyoqc[/youtube]

[youtube]M-mf5IyVIAc[/youtube]

[youtube]CQVx_7AzhYw[/youtube]

3 коментари на “Diablo 3, Guild Wars 2, Mass Effect 3, Hobbit… се дел од насловите кои не очекуваат во 2012-та

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии