Diablo 3 е најбрзо продаваната PC игра во историјата

За само 24 часа од објавувањето Blizzard продаде 3,5 милиони примероци на Diablo 3. Во тој број не се додадени 1,2 милиони луѓе кои ја добија играта преку годишната претплата на World of Warcraft.

Во Македонија играта се продаде во над 300 примероци од неколку продавници, но не се знае колкав е бројот на тие што ја купија и симнаа од официјалниот сајт.

Сега, недела дена од официјалното стартување, играта ја играат на 6,3 милиони играчи.

Oсвен што се пофали за новиот историски рекорд во продажба на PC игра, Blizzard исто така се извини што дозволи да има проблеми со стартување на играта за која е потребен интернет пристап да се игра. Поради тоа и навалата на играчи, серверите на Blizzard се срушија веднаш по официјалното стартување на серверите, а изминатиов викенд серверите беа изгасени скоро цел ден што ги разгневи играчите.

[youtube]EgbUSsblCSQ[/youtube]