Diablo 3 доаѓа на 17 април?

Нема кој не го очекува третото продолжение на легендарната Diablo. Посебно тие кои ја нарачаа во претпродажба или со опцијата за едногодишна претплата на World of Warcraft, најверојатно веќе подолго време сте во исчекување на конечното објавување на датумот на излегување на играта. Бидејќе играта веќе долго стои со датум TBA (ќе биде најавено), повеќето шпекулации за датумот на излегување како главен извор на веста ги користеа датумите поставени од Amazon и од некои останати продавници за видео игри.

Најновата вест е дека Diablo 3 ќе излезе а 17 април. Веста први ја пренесоа MMORPG-Italy, а шпекулациите ги започнаа италијанскиот Amazon и GameStop. Сепак овој пат главниот дизајнер на Diablo 3, Џеј Вилсон на својот Twitter профил објави дека не може да ја потврди дататата, но не ја ни негираше.

Blizzard најави дека наскоро ќе ја објават датата на излегување, по што започнаа нови шпекулации дека најскоро тоа може да биде денес на GDC или на CeBIT кој започнува на шести март.

1 коментар на “Diablo 3 доаѓа на 17 април?

  1. Бидејки blizzcon 2012 нема да има, еден од најголемите настани во светот на игрите оваа година е CeBIT. CeBIT е настан кој се одржува во Германија и почнува утре (6ти март). Се шпекулира дека Blizzard може да го открие датумот на искачање на играта токму тука. Останува да видиме што ке се случи наредниве неколку дена

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии