Џулијан Асанаж ќе биде екстрадиран во Шведска

Врховниот суд на Велика Британија дозволи екстрадикција на основачот на контроверзниот Wikileaks, Џулијан Асанж, во Шведска каде е осомничен за сексуален напад врз две жени.

Џулијан Асанж, 40, помина скоро две години во домашен притвор во Велика Британија откако беше уапсен поради обвинувањата за силување со европски налог. Неговото апсење се случи во период кога Wikileaks го привлече светското внимание со објавување на стотица илјади доверливи документи за војната во Ирак, Авганистан и дописи меѓу американските дипломати.

Адвокатката на контроверзниот хакер, Дајна Роуз најави дека ќе поднесе жалба против одлуката. Ова е прв пат британскиот Врховен суд да дозволи жалба на своја одлука. Подготовките за жалбата ќе му дадат на г. Асанж уште две недели во Британија, но се чини дека екстрадикцијата е неизбежна.

Според г. Асанж, кој е австралиски државјанин, сексуалните напади се измислени и целиот спор против него е под притисок од САД за да биде спречено понатамошно објавување на доверливи документи. По неговото апсење неколку финансиски институции како Visa и MasterCard ги запреа донациите за Wikileaks, што го успори објавувањето на доверливи документи.

1 коментар на “Џулијан Асанаж ќе биде екстрадиран во Шведска

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии