Џонатан Ајв е унапреден во главен дизајнeр на сите продукти на Apple

Џонатан Ајв, главниот дизајнер зад секој успешен производ на Apple, како Macbook Pro, Macbook Air, iMac, Mac mini, iPod, iPod Touch, iPhone, iPad, iPad Mini, Apple Watch и iOS; сега е унапреден едно скалило погоре. Г. Ајв од потпретседател за дизајна ќе биде главен директор за дизајн.

Во моментов главна преокупација на г. Ајв е новиот кампус на Apple во кој ќе има простор за 12.000 вработени. Дел од досегашните секојдневни обврски на г. Ајв ќе им бидат доделени на двајца негови заменици, за што е можно поголем дел од времето да може да го посвети на дизајнирање.

„Во својата нова улога ќе може да се фокусира на дизајн на секагашните проекти, нови идеи и идни иницијативи… Џони е еден од нјаталентираните и докажани дизајнери од неговата генерација со над 5.000 дизани и патенти зад неговото име“, вели директорот на Apple, Тим Кук, во имејлот со кој се објавува новата позиција на г.Ајv.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии