Џон Оливер го коментира „нативното рекламирање“ во медиумите

Комичарот, и за многумина новинар, Џон Оливер ја критикуваше native advertising како штетна практика која им штети на традиционалните и новите медиумите. Таканареченото native advertisement не е директно рекламирање преку банери, туку рекламирање преку содржина, кој не мора да биде за брендот. Пример, New York Times, кој неодамна започна со native advertisement, објави вистински новинарски текст за жени во затвор, но трикот е што тој текст е платен од Netflix и е реклама за серијата со затворенички Orange is the new black.

Ваквото рекламирање кое е вклопено во содржината претставува проблем за читателите, вели г. Оливер во последната постара епизода на неговото шоу Last Week Tonight with John Oliver. Иако вели дека популарни сајтови имаат навистина креативна содржина околу native advertisement, сепак вели дека има проблем бидејќи читатели не можат да разликуваат што е реклама, а што е вистински новинарски текст.

Негово решение што брендовите вметнуваат реклами во вести, е да се вметнуваат вести во рекламите на брендовите. Погледнете го одличниот сегмент:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии