Џек Ма: Некои фалсификати се поквалитетни од оригиналниот производ

во Свет

Директорот и основач на Alibaba, кинеската продавница која добро им е позната на македонските корисници; Џек Ма е најверојатно еден од луѓето кои имаат добро искуство со роба која е неовластена фалсификат на познати брендови. Азискиот Amazon на почетоците имаше куп проблеми со копии на познати брендови, против кои се бори во соработка со овластените брендови и дистрибутери.

Иако Alibaba прави сѐ за да ги надмине овие проблеми, продавачите сепак успеваат да „протнат“ фалсификати. Ова, вели г. Ма за Quartz, не е вина на сервисот. „Проблемот е што денес копиите се со подобар квалитет, подобра цена од оригиналите од брендовите. Истите фабрики кои ја прават брендираната роба, користат исти материјали, и креираат фалсификат роба со еднаков квалитет. Единствена разлика е името“.

Најголем дел од фалсификуваната роба е облека, чанти и слични додатоци. Дури и најексклузивните производители Prada, Burberry и Armani произведуваат облека во Кина. Кинеските компании чија роба важеше за неквалитетна, научија да креираат и квалитетни производи, ги пренаменија машините, и започнаа да создаваат и сопствени производи. Благодарение на Alibaba овие „нови“ компании, условно кажано, можат да ги понудат производите директно на купувачите.

Но, добар дел од кинеските фабрики користат и сопствени брендови, некој од нив користат и сопствен дизајн, иако продажбата на непознатите брендови дури и кога се подеднакво квалитетни со познатите марки, за жал е полоша од продажбата на фалсификуваната стока. Посебно кога се работи за е-трговија и купување преку интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments