Џек Ма го основа единствениот конкурент на Amazon, а сега се повлече во филантропија

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Минатата недела Alibaba остана без Џек Ма. Основачот на најголемиот конкурент на Amazon на својот 55 роденден ја напушти компанијата се посвети на филантропија. Оваа недела се поздрави со своите вработени. Секој од 60 000 вработени доби подарок, шише вино од винаријата на  г. Ма во Бордо. Сепак она што беше импресивно, е холограмската порака која им ја остави на вработените.

Во пораката вели:

Истражувајќи го правењето на вино открив едноставна вистина: Работата е како вода, животот е како вино. Водата ќе влијае на квалитетот на виното, но треба да го живееме животот како вино. На сите им посакувам да живеат сериозно, и да работат среќни.

Џек Ма се „пензионора“ како втор најбогат човек во Кина, на чело на компанијата е досегашниот извршен директор на Alibaba ќе биде Данел Жанг. Г. Ма ќе остане во одборот на Alibaba до 2020 година, а и неговото заминување е најавено од поодамна. Г. Ма ќе остане запомнет како човек кој ја донесе е-трговијата во Кина, но веројатно поважно стави крај на продажбата на фалсификати.

Џек Ма

Џек Ма е роден 1964 година, со името Ма Јун. Името Џек му го дале странски туристи кои  ги запознавал во Меѓународниот хотел Хангжу. Г. Ма секој ден возел над 100 километри со велосипед за да им биде водич на туристите во хотелот. Со некој од гостите започнал и да се допишува, но на гостите им било тешко да го изговорат неговото име, па го викале „Џек“.

Она што можеби не знаете дека г. Ма не успевал веднаш во сè што намислил, но упорноста е можеби неговиот најголем квалитет. На пример му било потребни четири години да се запише на колеџ,  Конечно успеал да се запише на „Hangzhou Normal University“ на Катедрата за англиски јазик. По завршувањето држеше предавања по Англиски јазик на катедрата за Меѓународна трговија на Универзитетот „Hangzhou Dianzi“.

Во 1994 ја „го открил“ Интернет и ја основал својата прва компанија „Hangzhou Haibo Translation Agency“. Набрзо открил дека на Интернет за Кина речиси и нема ништо. Со помош од пријател набрзина креирал веб-страница со основни податоци за Кина. П само неколку часа добил покани од кинески инвеститори кои сакале да го запознаат. Ова му помогна да го открие потенцијалот и моќта која ја има Интернет. За разлика од најголем дел од претприемачите кои своето богатство го заработиле во бумот кој го направи интернет, г. Ма нема напишано ниту една линија код, а не поседувал ниту компјутер до својата 33 година. Иако бил дел од тимот кој со американски партнери изработувале веб страници за кинески компании, самиот не направил ниту една продажба.

Сепак г. Ма формира одлични тимови, а во 1999 со својот тим ја оснoва Alibaba. Развојот на најголемата кинеска платформа за продажба и една од светски најголемите продавници започна со 18 пријатели и 500 000 јуани (70 000 долари).

Alibaba

Интересот за компанијата беше неверојатен, на двапати во октомври 1999г. и јануари 2000г. во стартапот беа инвестирани по 25 милиони долари. Неколку години подоцна интерес за компанијата покажа eBay, но г. Ма ја одби понудата, наместо да ја продаде Alibaba ја прифати инвестицијата на Yahoo вредна 1 милијарда долари. Интересно, ова веројатно е и најпаметната инвестиција на оваа компанија. Веќе ви 2014 компанијата по првото излегување на берза од продажбата на акции „собра“ 25 милијарди долари.

Веројатно претпоставувате, името на компанијата доаѓа од приказната од „1001 ноќ“. Името е одбрано бидејќи приказната ја знаат сите и веднаш е препознатливо.

Еден ден бев во кафуле во Сан Франциско, си мислев Алибаба е добро име. Дојде келнерката и ја прашав „Знаеш ли за Алибаба?“. Одговори „Да“. Прашав „Што знаеш за тоа?“. Ми кажа „Отвори се сезаме“. Тогаш реков „Да, ова е името“. Излегов на улица и прашав 30 луѓе „Знаете ли за Алибаба?“. Луѓе од Германија, Токио, Кина, сите знаеа за Алибаба.

Алибаба – отвори се сезаме, Алибаба е љубезен, паметен бизнисмен и му помога на селото. лесно се пишува и го знаат низ целиот свет. Алибаба „отвори се сезаме“ за мали и средни компании. Го регистриравме и името Алимама, за секој случај, ако некој сака да се ожени со нас. – вели Џек Ма во интервју за International Herald Tribune.

Можеби најголемиот успех на основачот на Alibaba е што успеа значително да ја намали продажбата на фалсификати на продавницата. Во 2016 продавницата беше посочувана како најголем извозник на фалсификувана роба и производи, дел од експертите тврдеа дека овој проблем на Кина никогаш нема да може да се надмине. Но за само неколку години и многу работа, во 2018 Alibaba објави дека успеваат да отстранат  96 отсто од продавачите на фалсификати пред купувачите да купат било што од нив.

Лошата состојба со фалсификатите донесе една од најинтересните пораки од г. Ма:

„Проблемот е што денес копиите се со подобар квалитет, подобра цена од оригиналите од брендовите. Истите фабрики кои ја прават брендираната роба, користат исти материјали, и креираат фалсификат роба со еднаков квалитет. Единствена разлика е името“.

Иако Alibaba е гигант во е-продажба, ова не е единствениот сектор кој го развива компанијата. Alibaba нуди и облак платформа, работи на развој на вештачка интелигенција, системи за плаќање како Alipay, но и куп сервиси за забава, од музика до е-спорт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии