Џејмс Камерун за Аvatar 2, соработка со Ubisoft и Avatar MMO

Џејмс Камерон моментално работи на новела „Аvatar” како и на сценаријата за второто и третот продолжение на филмот. Истовремено соработува и со францускиот издавач Ubisoft на видео игри кои ќе ги следат настаните од филмот. И како тоа да не е доволно во соработка со Disney, се спремаат за забавен парк базиран на Пандора кој би требало да се отвори во Disney World во 2016 година.

Неодамна г. Камерон во интервју за гејминг порталот IGN објави дел од деталите за филмовите, соработката со Ubisoft и негово гледање на изработка на ММО игра базирана на „Avatar“ универзумот. Најголем дел од интервјуто е посветено на 3Д филмовите и видео игри, технолгогија за која режисерот се залага да ја замени сегашната 2Д. И покрај тоа што самиот не произведува видео игри возбуден околу новите платформи бидејќи се зголемува навлегувањето во пазарот.

„За пет години целата забавна индустрија ќе се префрли на 3Д и потрошувачите ќе бараат од нас да биде 3D. Во спротивно филмовите ќе изгледаат како сега црно-белите филмови.“, вели тој.

Тој во своето интервју прави споредба на борбата помеѓу „црно белите“ филмаџии и оние кои се залагале за филмови во боја во тоа време.

„Има причина што сме еволуирале да гледаме во 3Д. Заради тоа сме подобри ловци, подобро бегаме низ шума кога не напаѓаат грабливци. Смешно е да се тврди дека некои работи се подобри 3Д, а други се подобри 2Д. Toa го тврдат луѓе кои пробуваат да задржат една реалност додека таа се рапаѓа пред нив.“

За соработката со Ubisoft, тој тврди дека направиле добра игра која не успеала да ја достигне еуфоријата која ја создал филмот. Сепак и покрај еуфоријата што ја имаше филмот, останува и фактот дека Avatar е прилично лоша игра, која најчесто имаше рецензенти кои ја доживуваа како недовршена, премногу репетитивна ама најбитно играта некако не успева да ве увери дека сте на Пандора. И ако тогаш најголем дел од рецензентите се чудеа зошто г. Камерон, дозволил неговото име да се користи за рекламирање на играта, сега се чини дека тоа е дел од поголем план кој го има режисерот.

Иако без официјална најава за игра, тој изјави дека Аватар е совршен свет за масивна мултиплеер онлајн игра (ММО), огромна планета на која се среќаваат различни облици на живот и култури.

„Мислам дека една од најубавите работи на ММО е што морате да имате многу повеќе можности за протагонистите кои ги гледате на филм. Филмот треба да биде само почетна точка, мораме да создадеме разнолик свет кој ќе постои и надвор од филмовите. “

Покрај тоа што ова е само лобирање од страна на г. Камерон сепак правата за изработка на видео игри по филмовите се кај Ubisoft. Од една страна ова е добро бидејќи сигурно дека Ubisoft сакаат свој успешен ММО со што би ги следеле EA Games со Star Wars TOR и Activison-Blizzard и нивната World of Warcraft. Од друга страна Ubisoft имаа обиди да направат онлајн игри и порано Uru:Age of Mist и Matrix Online кои не се прославија. За среќа и Џејмс Камерон и Ubisoft ќе можат да видат како ќе помине ММО-то на неговиот колега Џорџ Лукас, пред да се определат за проектот, иако успехот на Star Wars секако не гарантира успех на Аvatar.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии