Џејмс Бонд доаѓа на Prime Video, Amazon ќе плати 8,45 милијарди долари за MGM Studios

Најголемата онлајн продавница продолжува да го шири своето портфолио. Amazon ги заврши преговорите за купување на MGM Studios. Двете компании се договорија за сума од 8,45 милијарди долари. Ова е најголема аквизиција за Amazon во забавната индустрија, но со серијата Lord of the Rings, компанијата покажа дека нема да штеди на креирање на сопствена содржина. Сумата од 8,45 милијарди долари е во рамките на она што беше прогнозирано минатата недела.

Со MGM Amazon добива куп содржина која претходно ја немаа. MGM поседува права на над 4000 филмови и 17000 ТВ-шоуа. Amazon сепак на аквизицијата гледа и на следните телевизиски серии кои ќе ги развива врз база на интелектуалната сопственост која ја поседува MGM.

„MGM има огромен каталог со над 4000 филмови – 12 Angry Men, Basic Instinct, Creed, James Bond, Legally Blonde, Moonstruck, Poltergeist, Raging Bull, Robocop, Rocky, Silence of the Lambs, Stargate, Thelma & Louise, Tomb Raider, The Magnificent Seven, The Pink Panther, The Thomas Crown Affair и многу други легендарни филови – како и над 17 000 ТВ-шоуа вклучувајќи ги и Fargo, The Handmaid’s Tale и Vikings – кои заедно освоиле над 180 Оскари и Еми награди.

Вистинската вредност зад договорот е богатството на интелектуална сопственост кое планираме да го креираме и развиваме заедно со талентираниот тим на MGM. Ова е многу возбудливо и ни отвора многу можности за квалитетно раскажување“, вели Мајк Хопкинс од Amazon.

Дел од новата содржина која ќе биде достапна од MGM каталогот се James Bond, The Handmaid’s Tale, Rocky, Stargate, Robocop, Legally Blonde, Vikings, Fargo и Shark Tank. Покрај ова наскоро излегуваат и House of Gucci, No Time to Die, Respect, The Addams Family 2. Со ова Prime Video добива нова содржина за натпревар со Netflix, HBO Go, Disney+, Apple TV, Hulu.

Ова е втора најскапа аквизиција на Amazon. Во 2017 компанијата плати 13,7 милијарди долари за Whole Foods.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии